Perdormire
Спорт

Добрата работа, носи трофеи: Тиверија шампионки кај кадетките и младинките

Home

Струмичкиот прволигаш Тиверија Струмица се закити со пехарите во младинскиот женски фудбал, во младинска и кадетска конкуренција и тоа без ниту еден пораз во сите мечеви.

Младинките до титулата стигнаа со само еден нерешен резултат, со вкупно 74 постигнати и само четири примени голови. Кадетките, пак, првенството го завршија само со победи и три примени гола, а постигнаа дури 62 погодока.

Кадетките и младинките на ЖФК Тиверија ги предводат Александра Ристовска и Славе Велков. Трофеите во младинските категории ги додели Мишел Истатов, член на Комисијата за женски фудбал при ФФМ.