Дербито се игра во Струмица: Можат ли „пандевци“ до скалпот на Шкендија?

април 3, 2019

Дербито од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 15:30 часот на стадионот „Младост“ во Струмица. Академија Пандев водена позитивната серија во изминативе три кола дефинитивно посакува и триумф против лидерот во шампионатот.

Составот на Југослав Тренчовски во претходното коло славеше со 2-1 против Ренова, па тоа носи и дополнителен мотив пред денешниот дуел со Шкендија во кој, без сомнение, желбата е нова победа.

Но, така не мислат и во таборот на Шкендија од каде јасно порачуваат дека интенцијата е да се задржи предноста на табелата во однос на најголемите конкуренти за титулата.

„Јасна е целта на Шкендија на секој натпревар да оди на победа. Така ќе биде и против Академија Пандев иако факт е дека максимално го респектираме тимот од Струмица кој и оваа пролет потврдува дека е еден од најдобрите во Македонија“ – вели офанзивецот на тетовци, Агим Ибраими.

Ренова, пак, по претходниот пораз од Академија Пандев сега на домашен терен ќе атакува на трите бода против Шкупи кој е во сериозна криза.

ПМФЛ – 26. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА

Охрид: ПОБЕДА – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

ИЗВОР:ЕКИПА.МК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ