Црномурестиот струмичанец од Финска пак ќе се докажува кај младите!

март 5, 2018

 

Црномурестиот Калвин Н’Сомбо одново ќе биде дел на селективен камп на македонската младинска фудбалска репрезентација, за пак да го види селекторот Благоја Милевски дали го бива за да биде дел од селекцијата за играчи до 21 година, откако неговото име се најде на списокот за задутрешниот меч со Работнички.

Н’Сомбо е Конгоанец по татко, кој е роден во Финска, но кој има македонско потекло зашто неговата мајка е од Струмица. Тој веќе третпат доаѓа на селективен тест-меч, па за црномурестиот фудбалер ова практично е последна шанса да покаже дека е квалитет за младинската селекција, со оглед што наскоро ќе наполни 20 години.

Финскиот Конгоанец, кој беше најавен како екстра-талент, за македонската јавност е анонимен фудбалер со настапи за екипи во финскиот шампионат. Н’Сомбо се реши да игра за Македонија пред повееќе од една година, кога беше дел од селективниот камп на младата селекција во Охрид, каде играше на двата меча против македонските прволигаши и тоа со Ренова и Силекс, а беше на списокот и на кампот пред Евро 2017 од кој Милевски со петмина фудбалери го пополни списокот за настапот на континенталниот шампионат.

Н’Сомбо беше само еден дел од големата акција на ФФМ да ги донесе во националните селекции сите фудбалери, кои имаат македонско потекло, а играле во младинските категории во државата во која се родени. Тој откако тргна новата генерација не беше ниту еднаш на списокот за евроквалификациските мечеви за пласман на ЕП во Италија догодина, на кои црвено-жолтите веќе ги загубија шансите за пласман, а еднаш и се посрамотија со поразот со Гибралтар.

Конгоанецот од Финска досега има одиграно 12 меча за селекцијата до 17 години, шест за една година постарата генерација, а само еден меч за У19 селекцијата, а во клупската кариера досега играл за Клуби 04, Хонка, ПК-35. Познато е и дека ја минал школата на најпознатиот клуб од Финска, Хелсинки. Вредноста на пазарот му е 25 илјади евра.

Инаку, во актуелниот состав на Македонија има уште еден црномурест фудбалер, Алекс Симовски, кој е стандарден десен бек во новата генерација во селекцијата до 21 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ