ЧЕСТИТКИ: Струмичкиот Спартанец Никола Ѓорѓиев доби награда за посебни достигнувања во спортот!

декември 27, 2019

Никола Ѓорѓиев, капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, доби признание за посебни достигнувања во спортот за 2019 година од страна на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС).

Главниот мотиватор на одбојкарската репрезентација на деби-настапот на ЕП 2019 и воедно нашиот најуспешен одбојкар, од говорницата се заблагодари за признанието и истото им го посвети на сите негови блиски, односно семејството, соиграчите, пријателите, неговата секојдневна поддршка.

„Мора да се заблагодарам за оваа награда за АМС. Чест и привилегија е да се биде тука. Благодарност до моето семејство, таа е 15 години моја поддршка, благодарност до ОФМ која ни овозможи да дојдеме од трње до ѕвезди. Исто така оваа награда не е само моја, туку и на сите соиграчи. 2019 беше феноменална година за нас, се надевам дека во 2020 ќе продолжиме во ист ритам. Имаме Европска лига, имаме квалификации и се надевам дека пак заедно ќе се радуваме“, изјави Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев покрај што настапува со голем успех во македонската одбојкарска репрезентација, бележи успеси и во германски Фридрисхафен.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ