ЧЕСТИТКИ: СТРУМИЧАНЕЦОТ ДИМИТАР АРАПОВ Е ШАМПИОН ЗА 2021 ГОДИНА ВО НАТПРЕВАРОТ ВО СТРЕЛАЊЕ НА ЛЕТЕЧКИ МЕТИ!

јуни 21, 2021

Вчера на 20.06.2021 на стрелиштето на ЛД “БЕЛАСИЦА” се одржа Супер Финале на Југоисточниот регион во стрелање на летечки мети дисциплина ТРАП. На Супер Финалниот натпревар учествуваа 21 стрелец, најдобро пласирани во Првенството кое се состоеше од 7 турнири на кои учествуваа над 60 стрелци. Во првенството екипно 1во место освои екипата на ЗЛР “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” од Босилово&, 2ро пласирана беше екипата на ЗССК “РЕФЛЕКС” од Струмица, додека 3тото место им припадна на екипата “СИТИ ЕЛЕКТРИК” од Струмица.

Во Супер Финалето кое беше натпреварување само во поединечен пласман 3тото место го освои Зоран Јованов, второто му припадна на Коста Тушев, додека Шампион за 2021 година е стрелецот од ЗССК “РЕФЛЕКС” Димитар Арапов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ