strumica denes logo

ЧЕСТИТКИ: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ ЌЕ ИГРА ЛИГА ЕВРОПА, СТРУМИЦА ЌЕ ГЛЕДА ЕВРОПСКИ ФУДБАЛ!

Автор:

Датум:

мај 9, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

мај 9, 2019

Категории:

Спорт

Младиот тим на Академија Пандев, која само две години е прволигаш и официјално успеа да стигне до место во Европа, откако денеска со триумфот со 4-0 против веќе испаднатата Победа го завери историскиот дебитантски настап во Европа.

Пандевци сезонава стигнаа до финалето на Купот, а излезот во Европа им е награда за одличната сезона во катастрофално лошото по квалитет домашно првеснтво. Пандевци на европската сцена ќе тргнат како неносители и сигурно е дека ќе добијат многу посериозен ривал сооглед дека немаат никаков коефициент и преземаат една петтина од националниот коефициент на Македонија.

Со пласманот на Академија Пандев во Европа, а претходно и на Вардар (двете во квалификациите за ЛШ) и Шкендија (квалификации за Лига на шампиони), остана само уште една дилема – кој ќе биде четвртиот претставник? Пандевци играат со Македонија ЃП на 22 мај во финалето на Купот на Националната Арена „Тоше Проески“, па ако „лавовите“ победат тие ќе бидат европретставници, а ако победи Академија Пандев тогаш четвртиот на табелата ќе излезе во Европа.

За Академија Пандев навиваат Шкупи и Ренова, иако е можно Македонија ЃП да избие пред овие два ривали, па финалето на Купот на крај да биде само битка за престиж и трофеј со веќе решени дилеми за Европа.