БРАВО: МЛАДИТЕ КИКБОКСЕРИ НА ТИМ ЗОРАН ОД СТРУМИЦА, НА ЕВРОПСКИОТ КУП ВО ХРВАТСКА ОСВОИЈА ДУРИ 14 МЕДАЛИ!

февруари 19, 2020

Младите кикбоскери на Тим Зоран од Струмица кои на Европскиот КУП ,,Карловац Опен 2020” во Хрватска освоија дури 14 медали денес беа на прием кај Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. На турнирот во Хрватска учествуваа над 2000 натпреарувачи од 40 светски земји Хрватска, Македонија, Шпанија, Грција, Бугарија, Русија, Израел, Бразил, Индија, Алжир, Тунис, Египет, Порто Рико, Еквадор и САД.

Општина Струмица константно со години го помага Кик Боксерскиот клуб Тим Зоран, кој е меѓу водечките клубови во нашата Општина во индивидуалните спортови. На последниот избор спортист на годината членовите на кик-боксерскиот клуб Тим Зоран Струмица освоија бројни награди каде што Екипата на Кик Бокс клубот „Тим Зоран“ е прогласена за најуспешна спортска екипа во сениорска конкуренција, а Витан Витанов од овој клуб е најдобар спортист во квалитетен индивидуален спорт.

– Зоран Спасов – тренерот на КБК ТИМ ЗОРАН изрази Благодарнот до градоначалникот Коста Јаневски за финансиската и техничка поддрашка која клубот ја добива години наназад.

Општина Стумица во текот на годината ќе биде Генерален покровител на еден меѓународен турнир во кик-бокс во Струмица кој ќе се одржи во организација на КБК ТИМ ЗОРАН.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ