„БОРЕЦ“ СО ПОБЕДА НАД „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ“, ВАРДАР Е НОВ ЛИДЕР НА ТАБЕЛАТА!

октомври 28, 2019

На „Градскиот стадион“ во Велес, екипата на Борец минимално ја совлада Академија Пандев (1-0), во рамки од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Домашните фудбалери беа подобриот противник и заслужено го освоија цел плен, продолжувајќи ја серијата без пораз пред своите гледачи.

Тимот од Велес одигра едно одлично прво полувреме, беше поопасен од противникот и поблиску до водство. Мечот започна со волеј на Симеон Христов, кој заврши над голот на гостите од Струмица. Фаулите и прекините беа честа појава на стартот од мечот. Судијата Александар Ставрев често беше во центарот на вниманието, па тоа не дозволи убава игра на почетокот.

Првата закана на „пандевци“ ја имаше Диме Димов, кој биеше силно со глава, но обидот беше залуден, бидејќу помошникот го крена знаменцето и сигнализираше офсајд позиција. Неколку моменти подоцна се обиде и Ѓорги Танушев по една акција на левата страна, но повторно ударот беше млак и заврши во рацете на домашниот голман.

До крајот на првите 45 минути се играше без големи и сериозни шанси. Двата тима одиграа без грешка во одбраната и тоа беше причината поради која немаше голови. Публиката имаше што да види, но не беше задоволна од резултатот на крајот од полувремето.

Продолжението донесе разочарувачки втори 45 минути. Голема шанса се случи во 65. минута и тоа пред домашниот гол, кога Ѓорги Стоилов се најде во одлична позиција, но неговиот удар со глава заврши покрај стативата. И кога сите помислија дека нема што да се види повеќе, мајсторија од десната страна изведе Никола Прелчец. Напаѓачот испрати удар без размислување и го изненади противникот за конечни 1-0.

Академија Пандев сега падна на втората позиција, со три бода заостанување зад лидерот Вардар. Борец, пак, остана на претпоследното место. Следното коло за струмичкиот прволигаш носи дуел со Работнички, а за велешани тешко гостување кај Шкендија.

ИЗВОР: ГОЛ.МК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ