„БОМБА“ ТРАНСФЕР ОД СТРУМИЦА: По седум години, струмичанката Николовска ја напушти Тиверија и потпиша за Црвена Звезда

јули 16, 2018

Македонскиот прволигаш Тиверија Струмица за идната сезона ќе биде ослабена со една од најдобрите фудбалерки на тимот во последните сезони.

По седум години дружба, одиграни над 100 официјални натпревари и постигнати 88 гола, македонската репрезентативка Пале Николовска го напушти струмичкиот тим и во идната сезона ќе се натпреварува во српскиот шампионат.

Николовска се одлучи да тресе мрежи за женскиот клуб на Црвена Звезда, кој во нашата репрезентативка ќе добие големо засилување кое може да одговори на сите напаѓачки предизвици.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ