БОМБА: Ди Марцио најави изненадувачки кам-бек на Пандев во Интер!

јануари 30, 2020

Екипата на Интер заврши одлична работа овој преоден рок и ги засили критичните позиции во тимот. На „нераѕурите“ им се приклучија Ешли Јанг и Виктор Мозес, а најголемо засилување е Кристијан Ериксен од Тотенхем. Сепак, останува да се најде засилување во нападот, каде што Алексис Санчез не ужива голема доверба кај Конте.

Попладнево угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио најави сензација. Тој напиша дека челниците на Интер размислуваат да го вратат Горан Пандев, кој би дошол како ефтино и краткотрајно решение.

Капитенот на нашата најискусна селекција беше член на Интер од 2009 до 2011 година, кога заедно со соиграчите ја освоија фамозната „триплета“.

ИЗВОР: GOL.MK

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ