Битолчани без карантин во Струмица, тетовци со тренинг на „Младост“

мај 22, 2018

Експедицијата на Пелистер во Струмица ќе патува во среда, на ден на одигрување на финалето. Шкендија пак од утре е во Струмица, тетовци ќе тренираат во 20 часот на „Младост”.

Со оглед на проблемите со кои се соочува, Пелистер дури во среда, на ден на одигрување на големото куп финале ќе патува во Струмица. Значи „зелените” нема да бидат во карантин како што тоа беше лани. Од друга страна Шкендија нема никакви проблеми. Тетовци утре попладне патуваат за Струмица каде ќе престојуваат во еден од тамошните хотели. Потоа во 20 часот, утревечер, ќе тренираат на стадионот „Младост”.

Инаку за утре ФФМ, со почеток во 17 часот, организира прес конференција на која ќе учествуваат тренерите и капитените на двете екипи финалисти во 26. издание на Купот на Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ