Беласица спортски го призна поразот и испрати честитки до Академија Пандев

август 21, 2018

Струмичкото дерби помеѓу Академија Пандев и Беласица беше во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност.

Двете екипи ги одмерија силити во рамкитена Првата македонска фудбалска лига, а на крајот славеше Академија Пандев со 2-0.

Трибините беа исполнети до последното место, на стадионот „Младост“ немаше ниту игла каде да падне, а денеска Беласица спортски го призна поразот и му честиташе на ривалот.

“Честитки до ФК Академија Пандев за освоените три бода во вчерашниот меѓусебен дуел. Едно е јасно, Струмица сака фудбал. Над 4000 гледачи беа присутни на вчерашниот натпревар на „Младост“. Во среда во 17:00 ч. играме „Куп на Македонија“, со ФК Велазерими 77 од Кичево. Натпреварот се игра во Кичево“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на Беласица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ