„БЕЛАСИЦА“ ПОБЕДНИК НА „ДРАГАНИЦА КУП 2018“

април 16, 2018

Екипата на „Беласица“ (Струмица) е победник на годинешниот 12-ти Меморијален фудбалски турнир „Драганица Куп 2018“ откако во финалето ја совлада екипата на „Осогово“ по изведувањето на пенали со 5:4. Натпреварот во регуларно време заврши 0:0.

На годинешниот турнир покрај домаќинот „Осогово“ и победникот „Беласица“ учествуваа и екипите на „Плачковица“ (Радовиш) и „Слога 1934“ (Виница).

Екипите учесници беа поздравени од Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кој воедно го прогласи турнирот и за отворен.

Резултати од 1/2 финалето:

„Осогово“ – „Слога 1934“  5:1 (3:0)

„Плачковица“ – „Беласица“  0:2 (0:1)

Мало финале:

„Плачковица“ – „Слога 1934“  5:0 (3:0)

Финале:

„Осогово“ – „Беласица“ 0:0 (0:0) 4:5 – по изведување на пенали.

По завршувањето на натпреварите беа прогласени и најуспешните:

Најдобар стрелец со 3 постигнати гола Љупче Пеов (Осогово)

Најдобар голман  Филип Лазаров (Беласица)

Најдобар играч Митко Андонов (Осогово)

Пехарот на капитенот на победничката екипа го врачи Претседателот на „Осогово“ Горан Милосов.

Турнирот кој во континуитет се одржува од 2007 година е посветен на една од најголемите фудбалски легенди на Кочани, Драган Михајлов – Драганица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: