strumica denes logo

Беласица на „Младост“денеска ја чека Победа

Автор:

Датум:

јули 4, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 4, 2018

Категории:

Спорт

По триумфот во Ѓорче во неделата со 2:1, фудбалерите на Беласица денеска ќе ја одиграат и својата втора контролна средба.

Ривал ќе им биде составот на Победа, значи тоа ќе биде своевидно прволигашко дерби. Мечот започнува во 18 часот а ќе се игра на стадионот „Младост” во Струмица.

Секако дека ова ќе биде натпревар кој струмичани со нетрпение го чекаат за да на дело ја видат новата Беласица, која во следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига на Македонија.

Инаку ова за Победа ќе биде прв пријателски меч ова лето.