БЕЛАСИЦА И АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КУП!

октомври 4, 2018

Двата струмички клуба се пласираа во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако и на возвратните натпревари покажаа квалитет и надмоќ над ривалите Пелистер и Брегалница. Беласица од Битола донесе предност од 0-2, а на „Младост“ против драстично подмладениот

Пелистер славеше со 3-1 (0-1). Единствениот гол в првиот дел го постигна Филип Бошковски, а во продолжението двапати Ивановски и еднаш Ѓорѓиев ја погодија битолската мрежа. На клупата на „зелените“ дебитираше новиот тренер Дарко Крстески.

Академија Пандев во Штип ја совлада Брегалница со 2-6 и со огромна залиха му пријде на денешниот возвратен натпревар на „Кукуш“. Затоа поразот од 0-1 во Турново не влијаеше на патникот во четвртфиналето. Единствениот гол за штипјани го постигна Влатко Коцев.

Победа на стадионот „Могила“ во Прилеп го совлада Гостивар со 4-1 и со вкупни 6-2 по долго време ќе игра четвртфинале на Купот на Македонија. Велковски, Гешоски, Ефремов и Тимовски ги постигнаа головите за прилепчани, а Исмаили за гостите од Гостивар.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ