БЕЛАСИЦА ГО ПРЕГАЗИ ОСОГОВО!

април 18, 2018

Вчера на програмата беа натпреварите од 21-вото вонредно коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

„Жетварите“ имаа тешко гостување во Струмица за што и сведочи конечниот резултат од 5:0 во корист на лидерот на табелата „Беласица“. Кочанчани добро се држеле во првото полувреме кога домаќините имале само гол предност, но на почетокот на вториот дел за само четири минути примиле уште два гола што било знак дека се очекува катастрофа. Кочанчани високиот пораз го оправдуваат со доста подмладениот состав што и не е некое оправдување. Реално, „Беласица“ во моментот е можеби и за толку подобра од „Осогово“.

Натпреварот во Радовиш „Плачковица“ – „Каменица Саса“ по неколку пресврти заврши без победник 2:2. Домаќините кон средината на второто полувреме го отвориле резултатот, но „рударите“ за само четири минути постигнале два гола, но сепак домаќините набргу постигнале и втор погодок за конечни 2:2.

Во Гевгелија „Кожуф“ и „Тиквеш“ одиграа 1:1 а во Штип „дожд од голови“,   „Брегалница“ – „Победа“ 7:2.

Веќе во Сабота се играат натпреварите од 22-рото коло а во Кочани „Осогово“ ја пречекува екипата на „Каменица Саса“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ