Беласица ги официјализира Стојков и Милушев!

јуни 20, 2018

Екипата на Беласица е посилна за уште две имиња, непосредно по стартот на подготовките и во својот тим ги донесе Драган Стојков и Александар Милушев.

Двајцата фудбалери се враќаат во Струмица по 11 години. Драган Стојков изминатиот период настапуваше во многу различни земји како САД, Србија, Грција и Јужна Кореа и се очекува да го засили средниот ред на тимот.

Милушев, пак, настапува на бековската позиција и во минатото беше дел од швајцарски екипи, како и Хоризонт Турново, Работнички и Металург во македонската ПМФЛ.

Екипата овој преоден рок се засили со Вујанац и Балдовалиев од Академија Пандев. Мартин Мирчевски, Горан Здравков, Александар Василев и Мика Костовски го напуштија струмичкиот прволигаш.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ