„АСТРАИОН“-СТРУМИЦА ОБЈАВИЈА: ВО СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ТЕРМИН ЗА ТРЕНИНГ ЗА ПРВАКОТ ВО ПРВАТА ГРУПА, НО ЗА РЕКРЕАТИВЦИ ИМА!

март 5, 2020

Ракометниот клуб „Астраион“ од Струмица на својот фејсбук профил го изразија своето незадоволство, бидејќи како што напишаа тие, оваа недела едвај имаат одржано пола час тренинг поради немањето термини во спортските сали.

„Ракометен клуб „Астраион“, првак во првата група и претендент за Супер лига, оваа недела не може да спои пола саат тренинг. Главна причина немање термини во спортските сали и давање предност на рекреативци. А за два дена ни почнува пролетниот дел во првенството. „Астраион“ со 95% струмички играчи не може да дојде до термини во спортските сали. Ако ви сметаме на некои, нека ви е на чест“ – напишаа тие.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ