strumica denes logo

Академија Пандев во пријателски меч го совлада шампионот на Туркменистан

Автор:

Датум:

јули 29, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 29, 2018

Категории:

Спорт

Фудбалерите на Академија Пандев во пријателски натпревар во Бугарија го совлада шампионот на Туркменистан, Алтин Асир, со 2-1. Пандевци беа подобар ривал на теренот и сосема заслужено ја однесоа победата. Погодоците за струмичани ги постигнаа Марио Крстовски и Давид Атанаскоски.

За избраниците на Југослав Тренчовски следи дводневен одмор, а од вторник со тренинзи и подготовки за стартот на ПМФЛ тимот продолжува во Струмица.

На 1 август ќе биде познат календарот за новата сезона во ПМФЛ и првото коло на Купот на Македонија, а првиот официјален натпревар е предвиден за 12 август. Минатата сезона Академија Пандев го освои шестото место.