strumica denes logo

Академија Пандев ја прегази бугарска ЦСКА Софија!

Автор:

Датум:

јануари 31, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

јануари 31, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Македонскиот прволигаш Академија Пандев забележа убедлива победа над ЦСКА Софија (0-4) во последниот контролен натпревар во Анталија, пред враќањето во Македонија и фокусот кон продолжението од ПМФЛ.

Струмичкиот тим одигра феноменален натпревар. Бугарите беа подобри на стартот, но по првиот гол Академија Пандев беше тимот што диктираше игра.

Мечот се отвори во 34. минута, кога Сашко Пандев постигна убав гол за предност. Тоа беше резултатот и на паузата, а во второто полувреме во периодот од 53. до 73. минута струмичани дадоа три гола. Прво стрелаше Бакар, па Димоски, за потоа во листата на стрелците да се запише и Ѓорѓиев.

Претходно, Академија Пандев загуби од косовски Лапи (0-2), додека одигра реми против Нови Пазар (1-1) и руска Крилија Советов (0-0).