Академија Пандев го урна проклетството, прв пехар за Источна Македонија по 21 година

мај 23, 2019

Триумфот на фудбалерите на Академија Пандев во финалето од Купот на Македонија урна “клетва” долга 21 година. Верувале или не! Ова е прв фудбалски пехар за источна Македонија по две децении!!! Последниот ваков успех го имал Силекс во 1998 година и победата во истото натпреварување над Слога Југомагнат (4:1), на финалето во Кавадарци.

Затоа триумфот на „академците” не е само историја за нивниот клуб, тоа е радост за цел еден регион кој по цели 21 година успева да го урне проклетството.

А големиот пехар за првпат е во Струмица! Еден од нашите најголеми фудбалски центри се радува на првиот фудбалски успех. А колку ли само фудбалери даде Струмица!?

Горан Пандев е човекот кој е творецот на овој голем успех. Правилните вложувања во фудбалот и правилната работа носи успех. Оваа успешна фудбалска приказна треба да биде лекција и за останатите градови и клубови од Истокот. Да потсетиме, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Кочани, Берово и останатите градови од овој регион немат никаков фудбалски успех.

Кај повеќето во фудбалот има само општински пари и општински кадри. Таму интересот во преден план е да се злоупотребат парите, а во втор план е успехот на клубот. Така не е само сега туку со децении и децении.

Учете од Академија Пандев ако сакате сите од истокот да не чекате уште 21 година за нов фудбалски пехар.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ