Академија Пандев го сопна Вардар и освои голем бод!

април 8, 2019

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар може да жали затоа што против Академија Пандев одигра 1-1 (1-0), на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. „Црвено-црните“ имаа активна игра, доминираа и имаа шанси, но не ги реализираа, а сето тоа гостинот од Струмица го казни и дојде до бод. Борбата за Европа останува отворена, а во наредните кола ќе се добие разврска кои екипи ќе имаат европско лето по крајот на актуелната сезона. Вардар со овој бод е на второто место со 50 бода, додека Академија Пандев е место подолу и има 46 бода. На ремито најмногу се радува Шкендија, која е на врвот, со „плус дванаесет“ во однос на вицепрвакот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ