В недела од 16:00 часот двата струмички клуба го играат првото градско дерби во 2019 година. Сепак, сонот на двата клуба кои оваа пролет го делат и „Градскиот стадион“ во Струмица е меѓусебе да се сретнат и во финалето на Купот.
Академија Пандев го помести првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија против Победа од 27 февруари на 6 март.
Беласица во првиот меч против Македонија ЃП ќе биде домаќин на стадионот „Младост“ на 27 февруари, па да не дојде до поклопување, постигнат е договор кој го прифатија и прилепчани.
Возвратните дуели од двете полуфинални средби ќе се играат на 10 април.