„АК БЕЛАСИЦА РАН“ НА МАРАТОНОТ ВО СКОПЈЕ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: ОСВОЕНО ВТОРО МЕСТО НА МАРАТОНСКАТА ШТАФЕТА ОД 42 КИЛОМЕТРИ!

октомври 5, 2021

Маратон викендот во Скопје помина во позитивна атмосфера, а на истиот учествуваа и „АК БЕЛАСИЦА РАН“ кои беа презадоволни од целиот настан. За некои од учесниците овој ден ќе остане во сеќавање не само по истрчаните километри низ Скопје, туку и по многу други убави работи. На маратонот учествуваа и млади и возрасни, родители со деца, а имаше и такви кои трчаа со своите миленици.

Имаше и професионални ателтичари рекреативци, лица со попреченост и сите беа со позитивна спортска енергија и ведар дух. Имаше и мајки кои трчаа и ги туркаа количките на своите деца.

„АК БЕЛАСИЦА РАН“ учествуваше со 11 учесници:

Ване Пантев
Марјан Мучев
Димитар Николов
Славко Синокаповски
Ристе Новаков
Саше Ристов
Никола Полизовски
Гоце Полизовски

На маратонската штафета од 42км, Столе Ангеловски, Марјан Стојков, Слободан Панајотов и Васил Георгијевски го освоија второто место, а сите останати имаа екстра времиња со лични рекорди. Честитки од тимот на Струмица Денес!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ