А КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТОЈ? ФАНОВИТЕ НА ЏЕНОВА ГО ИЗБРАА ГОРАН ПАНДЕВ ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА!

август 18, 2020

Горан Пандев уште еднаш докажа дека годините се само бројка за него, откако на 37 години одигра нова фантастична сезона и беше еден од клучните фактори на својот тим во борбата за опстанок во Серија А.

Џенова во последното коло успеа да остане во елитното друштво во Италија, а „Гранде Пандев“ сезоната ја заврши со девет погодоци, што е негов најдобар скор по единаесет години. Македонскиот репрезентативен капитен, исто така, ги разигруваше своите соиграчи и подели неколку клучни асистенции, па затоа може да се каже повеќе од заслужено е избран за најдобар фудбалер на Џенова за оваа сезона.

Во изборот кој го спроведе „Планета Џенова 1983“, фановите најголема поддршка му дадоа на нашиот голгетер, кој доби убедливо најмногу гласови.

Зад името на Пандев завршија 5.024 гласа, на второто место заврши Антонио Санабрија со 3.252, додека Ласе Шоне со 2.783 гласа заврши како трет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ