Perdormire
Спорт

М О Б И Л И З И Ц И Ј А: СТРУМИЧКИТЕ АЈДУЦИ СО ГОЛЕМА ОРГАНИЗАЦИЈА – ДОЈДЕТЕ НА „МЛАДОСТ“ ДА ЈА БОДРИМЕ БЕЛАСИЦА!

АЈДУЦИ СТРУМИЦА:

МОБИЛИЗАЦИЈА!!! 15 години чекавме и дочекавеме,ПРВА ЛИГА! Тежок беше патот, поминавме секакви моменти , но никогаш не се откажавме од нашата цел , повторно еден ден да се врати Беласица таму каде што припаѓа , останавме верни до крај.Уште 2 дена до утакмицата за која што толко долго чекавме.Дојде денот кога северот треба да биде полн како некогаш, дојде денот кога повторно нашите срца бијат како едно, 96 години Беласица- Љубов кој вечно трае, тлее како жар во душата на секој Струмичанец и Ајдук , дојде денот кога фудбалот и навивачкиот дух се посилни од сите други секојдневни работи и обврски во животот.Дојдете сите на Младост , дојдете за ГОРДОСТА НА СТРУМИЦА , дојдете за БЕЛАСИЦА!