ДВАЈЦАТА НАШИ СТРУМИЧАНИ ЉУПЧЕ ДОРИЕВ И ДИНО ЗАХОВ ЗАЕДНО СО ШКЕНДИЈА, НАРЕДНИОТ ЧЕТВРТОК ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИГРААТ ПРОТИВ СИЛНИОТ ТОТЕНХЕМ!

септември 18, 2020

Тетовска Шкендија забележа победа на гостувањето во Романија кај Ботошани со 0:1 и се пласираше во третата рунда од квалификациите за Лигата на Европа.

Македонскиот претставник во второто по квалитет натпреварување во Европа уште во третата минута до отвори резултатот, а стрелец на голот беше Бесарт Ибраими со убав удар од далечина.

Романците одиграа добар натпревар и имаа неколку добри шанси, но Костадин Захов спаси неколку удари на домаќините.

Шкендија од 67. минута играше и со играч помалку, откако Арменд Алими доби втор жолт и автоматски црвен картон, но и со играч помалку тетовскиот тим успеа да ја задржи предноста.

Искрени честити за Шкендија и за двајцата наши струмичани Љупче Дориев и Дино Захов! Наредниот четврток во Скопје Шкендија ќе игра против силниот Тотенхем!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ