bandr
Спорт

ЗА ПРВ ПАТ ВО СТРУМИЦА И МАКЕДОНИЈА: УТРЕ ВО САЛА „ПАРК“ ТУРНИР ПО „WUSHU SANDA“ – КИНЕСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈУН ФАН ЛИ-ТИМ ЗОРАН!

Со почеток во 12:00 часот утре (недела), во спортската сала „Парк“ во Струмица за прв пат ќе се одржи турнир по „Wushu Sanda“, кинеска дисциплина која е на одличен пат да стане олимписки спорт. На турнирот ќе присуствуваат и гости од Босна, Србија и Хрватска. Во Струмица ќе имаме неколку претставници и од други градови од државата а нашиот град ќе има дури 17 натпреварувачи. Овој необичен турнир е во организација на Јун Фан Ли -Тим Зоран!