strumica denes logo

19 годишниот талентиран фудбалер Панче Петров од Струмица потпиша за Силекс!

Автор:

Датум:

јуни 16, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

јуни 16, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

По продолжувањето на соработката со тренерот Горазд Михајлов, раководството на Силекс се засили со Панче Петров кој доаѓа од Фк Беласица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Панче Петров игра на позиција лево крило, но може да одигра и на десната крилна позиција. Овој млад фудбалер имаше одлична сезона во тимот на Фк Беласица во ВМФЛ. Петров потпишува 2 годишен професионален договор со Силекс.

Инаку Петров во изминатите години настапуваше за Академија Пандев во која беше член од 2010 година. Ги помина младинските категории таму, а потоа замина во градскиот ривал Фк Беласица во која надтапуваше една сезона.

Следен предзвик е Фк Силекс кој е еден од најголемите брендови во Македонскиот фудбал.