ТРЕНЕРОТ БЛАГОЈ ГУЦЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА – ФК БЕЛАСИЦА НЕ ЈА ПРИФАТИ!

април 17, 2023

Екипата на Беласица влезе во лоша резултатска серија, а по поразот од Слога Виница на домашен терен, тренерот Благој Гуцев реши да поднесе оставка поради морални причини.

Меѓутоа денеска управата на клубот имаше состанок и едногласно одлучи да не ја прифати оставката на Гуцев притоа порачувајќи дека стратегот е нераскинлив дел од плановите за иднината и враќањето на Беласица во ПМФЛ.

-На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ, -порачаа од второлигашот.

Тимот од Струмица со 32 бода е на 9. позиција во Втората македонска лига.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: