Давид Лазаров по потекло од с.Чанаклија кој е роден и живее во Асти-Италија, потпиша договор за италијанскиот калчолигаш Торино.
Лазаров претходно настапуваше за второлигашот Алесандрија, каде како капитен ја предводеше екипата на многу турнири во Италија, а истиот е избиран и за најдобар играч на турнирите.
За Давид голем интерес покажуваат и големите италијански клубови како Јувентус!