СВЕТСКО А НАШЕ: СКРОМНОТО МОМЧЕ ОД СТРУМИЦА ВЛЕЗЕ МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ ВЕЛИКАНИ ВО СЕРИЈА А!

март 4, 2019

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, забележа голем момент во Италија затоа што го одигра 400. натпревар во Серија А и стана шестиот странец на кого му успеало тоа.

Пандев влезе од клупата за резерви во вториот дел на натпреварот против Фросиноне, а публиката го поздрави со овации.

„Јубилејот ми е важен, но сакав да го прославиме со победа. Сакам да им се заблагодарам на поранешните клубови што ми овозможија да стигнам до ова. Се работи зе голем јубилеј, благодарност со сите тренери што ми овозможија да играм, а пред се благодарност до моето семејство. Пресреќен сум, за момче кое дојде со 18 години во Италија, ова е многу важен момент“, истакна Пандев.

Покрај за Џенова, 35-годишниот Пандев во најквалитетната лига во Италијаиграше уште за Анкона, Лацио, Интер и Наполи. Пандев е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија, а двапати е избран за најдобар спортист на Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: