Струмичанецот Димитар Блажевски најдобриот стрелец на сите времиња во ФК Тиверија!

мај 10, 2023

Димитар Блажевски заслужува простор и внимание не само поради добиената награда за најдобар стрелец на еден турнир во мал фудбал во познатото летувалиште „Сончев Брег” на Црното Море во Бугарија што му jа врачи познатиот бугарски интернационалец Димитар Бербатов, туку и за целиот негов придонес во фудбалот.

Димитар Блажевски во тукушто завршената фудбалска сезона 2012/2013 постигна 52 гола, беше прв стрелец на Третата лига – Исток и со тоа даде голем придонес ФК Тиверија да обезбеди пласман во Втората фудбалска лига на Македонија.

Во својата десетгодишна фудбалска кариера Блажевски има четири настапи и за репрезентацизата на Македонија за фудбалери до 17 години.

Димитар Блажевски е од фудбалска фамилија, неговата сестра Драгица беше член на првата генерација фудбалерки на ФК Беласица, а неговнот покоен татко Јованче (Jоне) Блажевски исто така беше голман во подмладокот на Тиверија и голем на фан клубот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: