strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ КИРИЛ ПАНОВ ДОБИ СТИПЕНДИЈА ДА ИГРА ВО НЦАА ЛИГАТА ВО АМЕРИКА – НЦАА Е НАЈДОБРАТА ЛИГА ВО КОЛЕЏ КОШАРКАТА ТАМУ!

Автор:

Датум:

мај 17, 2020

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

мај 17, 2020

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Младото талентирано момче од Струмица Кирил Панов, неодамна доби стипендија да игра во НЦАА лигата во Америка која важи за најдобата лига во колеџ кошарката таму.

„Се работи за Mississippi College од градот Jackson држава Мисисипи, важи за еден од најдобрите приватни универзитети во државата и датира од 1826 година.После одличната сезона во Kennedy Elite Basketball Academy остварив многу контакти со различни универзитети но сепак се одлучив за Мисисипи и премногу сум среќен што ќе бидам дел од една одлична екипа но и академски одличен универзитет во САД. НЦАА е најдобрата лига во Колеџ кошарката во САД и Мисисипи традиционално настапува на плеј офф турнирите и секогаш со одлични резултати. Првиот тренер на екипата е Мајк Џонс кој што е на истата позиција веќе 37 години и е тренер со многу искуство зад себе. Статистика во Kennedy Elite Basketball Academy оваа сезона 14.4 поени , 5,6 скока 6 асистенции. Таму собрав огромно искуство и можам да потврдам дека САД навистина ја има најдобрата кошарка во светот. Поради откажаното европско првенство нема да можам да играм со нашата U20 репрезентација но во следниот период се надевам на повик од сениорскиот тим.“ – вели Панов за портал Струмица Денес.

Тимот на Струмица Денес му посакува уште поголеми успеси во иднина!