strumica denes logo

ПОВИК ДО СТРУМИЧАНИ: „НАКОВСКИ ВОЛЕЈ“ ДЕНЕСКА ГО ИГРА ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ, ПАРИТЕ СОБРАНИ ОД ВЛЕЗНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ЗА ТОМЕ!

Автор:

Датум:

април 29, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 29, 2019

Категории:

Спорт

Со почеток од 17:30 часот, „Наковски Волеј“ денеска во Спортската сала „Парк“ ќе го одигра најважниот натпревар во нивното прволигашко натпреварување, односно ќе се игра КУП ФИНАЛЕТО на Македонија. „Наковски Волеј“ преку нашиот портал упатуваат апел до сите струмичани да им дадат поддршка и заедно да ја прослават титулата. Парите собрани од влезниците ќе бидат донирани за нашиот струмичанец Томе Јанев кој боледува од ALS – болест на моторниот неврон.

За да се подобри неговата состојба потребно е да оди на лекување во Русија, но сумата од 160.000 евра е преголема за него и неговото семејство.

Да му помогнеме на Томе. Да ја покажеме хуманоста на дело!

Телефоните во рака: 143-454 (Телеком)

Трансакциска сметка: 210501707118375