ПОРАНЕШНИОТ КАПИТЕН НА ФК БЕЛАСИЦА, АЛЕКСАНДАР ВАСИЛЕВ – СЕ ПРИКЛУЧИ ВО СТРУЧНИОТ ТИМ КАКО ПРВ ПОМОШЕН ТРЕНЕР!

јуни 12, 2020

Поранешниот капитен на ФК Беласица, Александар Василев, кој има големо интернационално искуство, се приклучи во стручниот штаб на сениорскиот тим и тоа како прв асистент за претстојната сезона во ПМФЛ.

“Благодарност до управата на ФК Беласица, Претседателот и шефот на стручниот штаб за укажаната шанса.

Ми претставува голема чест, задоволство и привилегија да се биде дел од овој стручен штаб и клуб каде што израснав како фудбалер, а сега ми дава нова шанса, да запливам во тренерските води.” – изјави Василев.

Му посакуваме добредојде и многу среќа и успех во извршувањето на новата функција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ