(ФОТО) ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТРЕНЕРИ ЗА ИСХРАНА И ФИТНЕС, РАБОТИ ВО СТРУМИЦА ВО PULSE FITNESS & SPA: ИНТЕРВЈУ СО ТОМЕ ДАНЕВСКИ!

август 11, 2020

На наше огромно задоволство, интервју со Томе Даневски кој е еден од најдобрите тренери за исхрана и фитнес во Македонија! Во продолжение проследете го:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Едно ваше кратко претставување…кој е Томе Даневски?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Роден сум и живеам во Радовиш. Од формално образование имам звање ел.инж. енергетичар, дип.рударски инжинер, м-р по техничко технолошки науки, запишано докторки студии на УКИМ- обновлива енергија( со интенција да продолжам во друг правец-нутриционизам). Од работен историјат, погонски инжинер во Р.Б. Бучим, раководител за развој и инвестиции во ЕСМ, два мандати пратеник во Собранието на РМ, Раководител во Државен инспекторат за заштита на животнате средина, во моментот раководител на инспекторатот при ЕЛС во Радовиш. Од неформално образование, многу курсеви и семинари од областа на спортот и нутриционизмот.

Раководев два клуба за боречки вештини, аеробик клуб и повеке фитнес клубови. Од страна на светската IBFF, преку македонската федерација, сум ангажиран за предавач на Fit Biz Akademy, за едукација и издавање на серификати за идните фитнес инструктори. Основач сум на IZIDA LIFE , концепт за здрав живот, и веке неколку години активно изработувам Програми за исхрана и тренинг, држам персонални тренинзи….овие години имав повеке од илјада клиенти, стекнав огромно искуство и без исклучок, со покажани резултати за сите кои дисциплинирано пристапуват кон напатствијата.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Зошто човек со Вашето искуство се определи да биде дел од тимот на Pulse Fitnes?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Pulse Fitnes е докажан европски бренд, на рамниште со најреномираните светски фитнес центри. И особено сум задоволен што и во Македонија се отвори ваков сериозен фитнес клуб, со беспрекорни услови за работа. Сметам дека со моето вклучување во тимот на Pulse Fitnes во Струмица ке имам значаен придонес во потврдување на нивото на квалитет кој го нуди овој центар, што ке ја имам можноста да помогнам на бројни клиенти во реализирањето на нивните очекувања. За мене ова претставува предизвик и задоволство, а за резултатите на клиентите воопшто не се сомневам.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што е тоа што Вие можете да го понудите како Ваша специјалност за клиентите на Pulse

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Моите активности во Pulse Fitnes ке бидат во неколку правци:
-изработка на програми за исхрана (за намалување и зголемување на телесна тежина и за изградба на спортска конституција)
-изработка на програми за тренинг(за почетници, средно и напредни вежбачи)
-одржување на персонални тренинзи
-по потреба, оджување на групни активности, едукативни и практични работилници

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кажете ни нешто поконкретно за наведените активности?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Програмите за исхрана се изработуват индивидуално, врз основа на параметрите и потребите на клиентот. Се вклучуват нутриенти кои се од ова подрачје и се достапни. Се добиват во печатена и во електронска форма. Нарачателот со програмата добива и двомесечно континуирано пратење, вршење на соодветни корекции, доставува информација на неделно ниво за постигнатите резултати, и добива моја достапност 24/7 за било каква консултација или дополнителна сугестија.Клиентите кои ке бидат дисциплинирани ке имат импресивни резултати.

Би сакал и да напоменам, дека Програма за исхрана можат преку Pulse Fitnes да нарачат и лица кои не се членови во клубот и кој сакат да ја регулират својата тежина и без соодветен тренинг (иако на овој начин, малку поспоро се добиват резултати)

-Програмата за тренинг, исто се изработува врз индивидуална основа. Клиентите добиват систем на организација на тренинг, по денови, број на серии, вежби…и дополнително, видео материјал со показно укажување за правилно изведување на соодветните вежби. И ваа е програма на дво месечно ниво, со континуирано пратење и надополнување према потребите.

-Персоналните тренизи ке се одржуват за лица кои сакат да реализират индивидуален трениг со мое менторство. Имам огромно искуство во ваквиот пристап и тврдам дека за постигнување на брзи и квалитетни резултати ова е најдобриот пат. Од суштинско значење е прилагодувањето на тренингот, соодветниот распоред и правилното изведување на вежбите.

-Едукативните и практични работилници ке бидат реализирани во две насоки. Едната за постоечкиот персонал, кои се изградени фитнес инструктори, но секое надоградување секогаш е добредојдено, а другиот одржување на едукативни работилници за исхрана и тренинг, за клиенти на Puls Fitnes, кои сакат да се едуцират и да се стекнат со основните познавања од оваа област.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Напоменавте дека сте со работни обврски во Радовиш. Кое време и колку често би биле присутни во Puls Fitnes?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Фитнесот и работа со лица вклучени во овој спорт е моја пасија. Ме исполнува изразот на задоволни клиенти кога ги постигнуват очекуваните резултати. За тоа, ке се потрудам максимално посветено и одговорно да го употребам времето кога ке сум присутен во Puls Fitnes, а тоа ке биде од 17 до 21 часот 5-6 дена во неделата.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кажете ни нешто за диетите. Каков пристап имате вие кон оваа тема?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Видете, јас повеке милувам да кажам, режим на исхрана. Диетите некако ме асоцират на гладување. А со гладување не се постигнуват резултати. Односно се постигнуват привидни и краткорочни резултати, се нарушува здравјето а неминовнос е и јојо-ефектот.

Потребно е да се направи балансирана комбинација на нутриенти, со извесен дефицит (за оние кои сакат да намалат со тежината), да се внимава на растојанието мегу оброците, распоредот на нутриентите…На пример, не е исто дали ке комбинирате хидрати во предпладневните часови, или во нокните. Хидратите го зголемуват нивото на Инсулин, а со самото тоа процесот на липолиза (претворањето на мастите во енергија) е надвор од функција, така да тие неколку часа организмот не може да слабее. За тоа една од клучните карики за успех е во вечерниот оброк тие да бидат изоставени. Така, Инсулинот ке биде на ниско ниво, со што организмот ке може да слабее. Особено ако се комбинира спортска активност и конзумирање на останатите потребни нутриенти. (зеленчук, здрави масти, белковини..)

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што е со јојо-ефектот дали може да се избегне?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Секако. Најбитно е да се практикува соодветен режим за исхрана. Избалансирана, со соодветен калориски дефицит, распоред и комбинација на нутриенти. Во моите програми врз основа на предходна пресметка,вршам ротирачко менување на количината на хидрати. Не го оставам организмот во континуиран висок калориски дефицит, што како последица би наметнало успорување на метаболизмот, а со тоа застој во слабеењето и вракање па дури и зголемување на килограмите кој сме ги намалиле. Имам разработено соодветна методологија за да не се соочуват клиентите со овој проблем. И најбитно од се е дека за неколку месечно придржување на режимот кој се состои во моите програми, клиентите ке ја стекната навиката за здраво исхранување, нема да гладуват, ке ги зголемат здравствените капацитети ке имат трајни резултати, поточно ке ја прифатат филозофијата на здраво исхранување и здрав живот, што ке ги направи попродуктивни, посамоуверени и посрекни личности.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кажете ни нешто за некои нутриенти. Овошје, зеленчук, месо,јајца?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Ке се обидам да бидам пократок. Иако, ова е широка тема. Овошјето е богато со витамини, минерали, влакна….но, сепак треба претпазливо да се конзумира од страна на тие што сакат да намалат килажа. Фруктозата како шекер (хидрат) која е доста застапена во овошјето не ја препознава организмот како хидрат и наместо да се складира како гликоген во мускулното ткиво што би било резервна енергија, таа првично се складира како гликоген во црниот дроб, а по исполнување на овие резерви, се складира како резервна енергија, но како масти, наместо како гликоген. За тоа го препорачувам цитронското овошје, кое е побогато со декстроза која поадекватно ги полни гликогенските депоа. И само да напоменам дека воопшто не е исто дали овочјето ке биде конзумирано како смут, или цело. Со меленјето на овосјето, се кинат растителните влакна, кои всусност го одложуват процесот на пробава на хидратите. Односно индиректно се намалува гликемискиот индекс. За тоа препорачувам мудро употребување на овошјето во исхраната. Зеленчукот сам по себе е богат извор на минерали и витамини а во исто време и со многу мала калориска вредност. Го препорачувам за пообило конзумирање. Месото и јајцата се извор на протеини. Значајно е месото да биде со што помалку масти и со што помалку вештачки хормони. Инаку е многу значајно во исхраната. Јајцата се прекрасен извор и најдобра комбинација на есенцијални аминокиселини. Тука треба да бидеме попретпазливи со жолчката, иако последните истражувања дават поголема слобода за нивно конзумирање…..

На кратко, една препорака од Ваша страна за личност што сака да намали тежина. Претпоставуваме дека таквите клиенти ке ви бидат најбројни.
Погоре спомнав нешто во оваа насока. Контролирана и избалансирана исхрана. Доручекот би можело да биде комбиниран со хидрати, белковини и здрави масти. Ручекот белковински со повеке зеленчук. За вечера богата салата, ладноцедено масло, може малку белковини (јајца,урда,риба..) како мегуоброк повремено бадеми, но со нив претпазливо. Сепак имат повисоко калориско ниво. Но сепак секој организам си е посебен, со различен метаболизам, различни генетски предиспозиции, различни животни навики….за тоа, моите програми се работат индивидуално, специјализирано за секој клиент посебно. Со точно пресметан потребен внес на калории, посена комбинација на оброци, пресметано со количина на белковини, масти, јаглехидрати и калории.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Нешто за крај?

ТОМЕ ДАНЕВСКИ: Ги поздравувам Вашите читатели, им препорачувам да не ја одложуват одлуката за лична трансформација, да дојдат во просториите на Pulse Fitnes, да се препуштат на стручниот тим во овој клуб , по што за краток период, ке ја почувствуват личната трансформација на секое поле.

Ја користам приликата и да го поздравам и да му честитам на човекот што го донесе овој бренд во Македонија Сашко Дончовски, да му посакам успешна работа и многу задоволни клиенти. На овој начин младите се упатуват на вистинскиот правец на здрав и спортски живот, подалеку од спрегите на денешницата алкохолот и наркотиците, а повозрасните добиват здрава конституција, посмирен дух и физичка изграденост.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ