(ВИДЕО) МОМЧЕТО СО ПОТЕКЛО ОД СТРУМИЦА БЛЕСКА ВО ИТАЛИЈА: Секулов постигна атрактивен гол против Падова!

декември 11, 2022

Никола Секулов и сезонава е дел од вториот тим на Јувентус кој настапува во третата лига, односно италијанската Ц лига, подготвувајќи се очекуваната шанса во А составот предводен од Макс Алегри.

Италијанскиот репрезентативец кој има македонско потекло ги импресионираше фановите со одличната форма на последните натпревари во првенството, а постигна и атрактивен гол во победата над Падова во посебниот куп на Ц лигата.

Јувентус издвои простор на официјалната страница за интервју со Секулов, а тој не крие дека најголема желба му е да дебитира во првиот тим.

– Голот против Падова ми донесе лична сатисфакција, но најсреќен сум што тимот одигра добро и победивме.

– Се надевам дека наскоро ќе дебитирам во првиот тим, тоа е сонот на секое дете, па и мој. Често тренирам со првиот тим и се обидувам да „украдам“ по нешто од големите шампиони, – изјавил Секулов кој е роден во Пјаченца и чии родители се од Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: