Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
ФК Беласица е гордост на градот!
Пред некое време на интернет го прочитав прилогот односно реакцијата од страна на претседателот на ФК Беласица и мој драг пријател Пинда дека општината недоволно го поддржува клубот нешто со што не се согласувам ниту јас ниту било кој струмичанец.
Како градоначалник заедно со целата администрација даваме максимална поддршка на спортот дури и во услови на криза кога сите градови, држави кратат буџети за таа намена.
Вкупната поддршка за спортот во Струмица само од општинскиот буџет е 14.250.000 денари.
Тоа се средства со кои ги поддржуваме а не ги издржуваме сите екипни и индивидуални спортови и спортисти во Струмица.
Јас многу добро знам што е Беласица од причина што сум внук на еден од капитените на Беласица и легенда на струмичкиот фудбал Костадин Костадинов.
Но ја знам Беласица кога и во добро и во лошо била клуб на градот.
Кога победувале, славел и се радувал цел град, кога губеле, губеле сите, кога имало криза имало и одговорност.
Гордост на градот е и Тиверија, Академија Пандев, ЖФК Тиверија која има неверојатни успеси и сите тие се поддржани од градот.
Гордост на градот се и одбојкарите, одбојкарките и каратистите и кик боксерите и ракометарите и боди билдерите и пинг понгарите и алпинистите и атлетичарите….
Се е гордост на градот.
Но во исто време мора да знаеме дека не може кога ни одговара да бидеме приватна фирма а кога е криза одговорност да има општината.
Најодговорно трврдам дека иако намален ваучерот за Беласица од 3.400.000 на 2.000.000 сепак можат да сметаат на поддршка од општината и да функционираат.
На крај мојот став бил од почетокот до сега дека Беласица е гордост на градот но во исто време и треба одговорно менаџирање, фузирање во еден клуб и враќање на полните трибини, АЈДУЦИТЕ сложни и ќе не биде.
Искрен пристап кон спортот и за спортот!