ВИСТИНСКИ ИЗБОР: СТУДИРАЈТЕ НА ДАЛЕЧИНА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈАТА СМИЛЕВСКИ – СКОПЈЕ!

јуни 1, 2020

Студирање на далечина на БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ – СКОПЈЕ
Бизнис академија Смилевски ( БАС) е една од првите акредитирани приватни високообразовни институции во републиката. Нуди професионално образование по менаџмент фокусирано да го премости јазот што постои помеѓу теоријата од една страна и реалната деловна средина во опкружувањето. Преку програмата на прв циклус – Бизнис менаџмент и на втор циклус – Стратегиски менаџмент нуди практични и применливи менаџерски знаења и вештини. Учењето се одвива со активно барање решенија на реални или на замислени деловни проблеми. Академијата организира настава за редовни и вонредни студенти, студирање по пат на синергирање и студирање на далечина. Кај редовните студенти вработување е наша крајна цел, како што е речиси за секого во нашето општество. За вонредните студенти е сосема нормално што добиваат унапредување на работните места, како дел од нивната кариера.

Студирањето на далечина на прв и втор циклус на студии на БАС е наменето за сите оние кои објективно не можат да посетуваат настава на двете локации во Скопје и Битола (живеат на растојание повеќе од 50 км од било која локација каде се изведува настава во БАС) или се надвор од државата. Студент запишан на прв или на втор циклус на студии на БАС има право дел од студиска програма или цела студиска програма да ја реализира на далечина согласно одредбите од Правилникот за студирање на далечина, Статутот на БАС и другите општи акти на БАС. Овие студии се изведуваат преку електронската образовна платформа .

Уписите за студирање на далечина се како и за останатите начини за студирање. Право на запишување имаат кандидатите кои имаат завршено средно образование за прв циклус на студии, а право на запишување на втор циклус на студии кандидати кои завршиле соодветни студиски програми од прв циклус на стручни, односно академски студии, односно кандидати кои завршиле тригодишни студии на прв циклус и се стекнале со 180 ЕКТС.
Пријавувањето трае од објавувањето на конкурсот, кој што е во тек, заклучно со третиот уписен рок за прв циклус до 26.09.2020 год, а за вториот циклус на студирање до 25.10.2019, се разбира до колку во претходните два уписни рока не се пополни предвидениот број. За сите информации заинтересираните да се јават на тел. 070 39 80 30 ( проф. д-р Гордана Тасевска)

Бизнис академија Смилевски на просторот на општина Струмица и во делот на бизнис заедницата има свои завршени студенти од прв и втор циклус кои се наши амбасадори за квалитетот на студиите. Тие денес се на високи менаџерски функции во државниот и приватниот сектор во општина Струмица.
За крај како дел од соработката со Вашиот портал нудиме можност на првите тројца Ваши читатели кои ќе се јават на погоре наведениот број да добијат попуст од 33% за студирање на далечина на било кој циклус на студии на БАС.

проф. д-р Гордана Тасевска – координатор за студирање на далечина на Бизнис академија Смилевски – Скопје

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ