ВИКЕНД МЕЗЕ: Палачинки од компир со шунка и кашкавал

февруари 25, 2023

Овие палачинки брзо се подготвуваат, а за брзо време ќе ви станат омилено мезе за седенки.

Се подготвуваат мошне лесно, а ќе им се доапднат на сите што сакаат да пробаат малку поинаква храна од компир.

Исто така, овој рецепт е одличен за да го искористите пирето што ви останало, а не сакате да го фрлите.

Потребни состојки:

  • 1kg компир;
  • 200g брашно;
  • 200ml млеко;
  • 100ml минерална вода;
  • 2 јајца;
  • 250g шунка (исечкана на коцкички);
  • 2 чешниња лук (истолчени);
  • ½ лажичка сол;
  • Црн бибер по вкус;
  • магдонос;
  • масло за готвење;
  • 1 лажица вегета.

Начин на подготовка:

  • Компирот се вари, а потоа се лупи, ситно се ренда и се остава во цедалка да се исцеди па потоа се префрла во длабок сад;
  • Се додава брашно, млеко, шунка, разматени јајца, сол, бибер, исечкан магдонос, лук и вегета;
  • Се додава и минералната вода и смесата се меша и се остава да отстои околу 10 минути;
  • Се зема тава со нелепливо дно и се става малку масло да се загрее и со лажица на средна температура се пржат палачинки, сѐ додека не ја потрошите целата смеса;
  • Палачинките се печат од двете страни по 10-тина минути или додека не добијат златно жолта боја;
  • Готовите палачинки може да ги послушите со рендан кашкавал и ситно исечкан млад кромид.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: