Рецепт за вкусни крофни

февруари 17, 2023

Состојки:

  1. 250 мл млеко
  2. 40 гр свеж квасец (или 15 гр сув)
  3. 1 лажица шеќер
  4. 1 ќесиче ванилин шеќер
  5. на врв на лажиче сол
  6. неколку капки ракија
  7. 50 гр омекнат путер
  8. 2 јајца
  9. 600 гр брашно

Подготовка:

  1. Квасецот се става во млакото млеко со шеќерот и една лажица брашно да запени.
  2. Потоа се замесува тесто додавајќи ги останатите состојки.
    Тестото се остава да се дуплира.
  3. Откако ќе нарасни се расукува на благо набрашнета површина и кружен калап се вадат форми кои покриени се оставаат да отстојат 10на минути.
  4. Се пржат редоследно започнувајќи од страната која лежеле сега да е горе.
    Вака направени со дупче во средината не им треба многу време да се испржат. По некоја груба пресметка отприлика по минута, но не и две од секоја страна.
  5. Испржените крофни се одложуваат врз кујнска хартија и потоа се прпелкаат во шеќер во прав.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ