Рецепт за ролат пита со јаболка и готови кори

февруари 27, 2023

Состојки

  1. 9-12 кори за пита/баклава
  2. 1 кг јаболка
  3. Фил
  4. 5 јајца
  5. 200 гр шеќер
  6. 1 ќесиче ванилин шеќер
  7. 200 мл масло
  8. 1 ќесиче прашок за печење
  9. 250-300 гр гриз

Подготовка:

1. Излупете ги и изрендајте ги јаболката.

2. Во сад за матење изматете ги густо и долго јајцата со шеќерот, додадете ја ванилата и потоа останатите состојки од кои на крај гризот. Треба да добиете смеса како за паднишпан да можи да се размачкува по корите.

3. За еден ролат потребни се три кори, од кои првите две се премачкуваат со по околу 4-5 лажици фил, а на последната се става третина од ренданите јаболка, па се витка во ролат.
Во принцип од овие состојки треба да се направат три ролати, но јас изрендав малку повеќе јаболка и имав големи јајца, па изведов 4.

4. Ролатите се редат во намрсена тава и се премачкуваат со останатиот фил богато одозгора.

5. Се печи на 180С 30-40 минути, а во меѓувреме ако брзо темнее се покрива со хартија или фолија.

Оваа пита секој нареден ден ако ви остани е се поубава и посочна за јадење.
По желба одозгора поросете ја со шеќер во прав пред послужување.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ