Рецепт за чоколадни коцки – потсетуваат на десерт од нашите баби, а се прават лесно

март 17, 2023

Чоколадни ровити коцки со чоколадна глазура одозгоре – звучи примамливо и како да сте на гости кај баба нели? Рецептот може да го направи и почетник во кујна.

Ако сте љубители на чоколадни десерти кои се топат во уста, а притоа се подготвуваат брзо и лесно, ова е за вас.

Потребни состојки:

  • 170g шеќер
  • 170g маргарин, омекнат
  • 150g брашно
  • 20g какао во прав
  • 3 големи јајца на собна температура
  • 2 лажици млеко

За преливот:

  • 170g шеќер во прав
  • 15g какао
  • 3 лажици топла вода
  • 35g (околу 4 лажици) чоколадни трошки за наросување

Начин на подготовка:

  • Измиксирајте ги маргаринот и шеќерот, па додадете ги другите состојки за тестото додека не се измазни смесата.
  • Истурете ја смесата врз хартија за печење, измазнете и ставете да се пече 30-40 минути на 170 степени Целзиусови, или додека стапче за заби не излезе чисто кога ќе боцнете.
  • Измешајте ги состојките за преливот додека не добиете мазна смеса и истурете ја врз тортата, а најгоре наросете чоколани трошки.

Видео постапка:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ