ПОСЕН ДЕСЕРТ ЗА 5 МИНУТИ: Бомбици од банани, кокос и какао

март 7, 2023

Овие брзи бомбици се идеални за оние денови кога ви се јаде нешто благо, а немате ништо дома.

Исто така ќе ви се допадне тоа што се подготвуваат од здрави и посни состојки, не содржат глутен и вештачки шеќери, а постапката за подготовка е мошне едноставна.

Како да ги подготвите најбрзите чоколадни бомбици?

Потребни состојки:

  • 2 банани;
  • 1 шолја кокос;
  • 3 лажици какао;
  • мед (за прелевање).

Начин на подготовка:

  • Бананинте се гмечат со виљушка во подлабок сад;
  • Се додава кокос и какао и се замесува тесто од кое се обликуваат бомбици;
  • Готовите бомбици се прелеваат со малку мед и се посипуваат со кокос.

Видео упатство:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: