Полнети чоколадни колачиња со богат вкус – се прават во калап од 4 состојки

март 13, 2023

Од овие состојки можете да подготвите 4 вкусни колачиња, што се идеални за оние денови кога немате ништо благо дома, а сакате да уживате во десерт без грижа на совест.

Овие колачиња се подготвени само од здрави состојки, без шеќери и глутен, а ќе ви бидат потребни само неколку минути за да ги направите.

Потребно е само да ги наредите состојките во калапи и да почекате да се оладат.

Потребни состојки:

  • 80g чоколада за готвење;
  • 50g несолени бадеми;
  • 1 лажица кокосово масло;
  • Малку путер од кикирики.

Начин на подготовка:

  • Чоколадата со малку кокосово масло се топи на пареа или во микробранова печка во подлабок сад;
  • Во стопената чоколада се додаваат и бадемите и се меша со шпатула;
  • Се зема калап за мафини и во 4 калапи се става по малку од смесата со чоколада и бадеми, па потоа се додава по една лажичка путер од кикирики;
  • На секое колаче се става уште по една лажица чоколада со бадеми и готовите колачиња се ставаат да се оладат во ладилник околу 1 час.

Видео упатство:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ