Пијалак за топлење во зимските денови – рецепт за бело варено вино

февруари 14, 2023

Обично кога се мисли на варено вино, се очекува тоа да биде црвено вино, што е одличен пијалак за затоплување во студените ноќи. Сепак, доколку сте од оние луѓе што повеќе сакаат бело вино, во продолжение еден интересен рецепт и за вас.

Во Германија во претпразничниот период традиционално се пие т.н. Glühwein, што всушност е варено вино со зачини.

Интересен факт е дека вареното вино датира уште од римскиот период. Старите Римјани со цел да го употребат виното што било пред расипување почнале да го варат и да додаваат зачини.

Доколку мислевте дека белото вино не се вари, тогаш сте згрешиле.

Во продолжение проследете рецепт за бело варено вино.

Потребни состојки:

  • 1l бело вино
  • 1/3 филџан мед
  • 1/3 филџан суво грозје
  • 1 исечкан портокал на кругови
  • 1 исечкано јаболко
  • 4 стапчиња цимет
  • 1 стапче ванила (или 1 лажичка екстракт од ванила)
  • 1 лажичка кардамом
  • 1 чајна лажичка каранфилче
  • 1 чајна лажичка ѓумбир

Начин на подготовка:

  1. Виното се става во подлабок сад за варење.
  2. Се додаваат зачините и овошјето и виното се става да се затопли на средна температура.
  3. Кога ќе почнат да се прават мали меурчиња на површината на виното, тоа значи дека пијалакот е пред зовривање, па потребно е дополнително да се намали температурата на ринглата/оганот.
  4. Продолжете да го загревате виното уште пет минути, па потоа тргнете го од оган.
  5. Готовото вино се покрива и се остава да стои околу 45 минути.
  6. Пред послужување потребно е уште еднаш да го загреете малку за да се стопли.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ