Крцкави пилешки прсти со сусам, печени во рерна

февруари 11, 2023

Потребни состојки:

  • 600g пилешки стек;
  • 2 лажички сол;
  • 2 јајца;
  • Лажичка сенф;
  • Лажичка брашно;
  • 100g сусам;
  • 100g презла.

Начин на подготовка:

  1. Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  2. Пилешкото месо се сечка на тенки ленти и се посолува;
  3. Во длабок сад се мешаат 2 јајца, лажичка сенф, лажичка брашно, а во друг сад се мешаат презлата, сусамот и една лажичка сол;
  4. Секоја лента месо прво се валка во сосот од јајца и сенф, а потоа се валка во презла и сусам;
  5. Лентите се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат околу 25 минути на температура од 200 степени или додека не добијат златно-кафеава боја.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ