Кога немате ништо благо дома: Овесни колачиња готови за 15 минути

март 16, 2023

Овие овесни колачиња се подготвуваат за 15 минути, а ќе ги снема уште побрзо. Дополнително, нема да имате никаква грижа на совест затоа што ова е здрав десерт, што не содржи ниту шеќер, ниту брашно.

Во моментите кога немате ништо благо дома, а сакате да направите нешто брзо, тогаш можете да се послужите со овој рецепт за брзи овесни колачиња, што не содржат шеќер и брашно.

За подготовка на овесни колачиња со брусница и лешници ќе ви бидат потребни околу 15 минути, а не е потребно да имате напредни вештини за готвење, затоа што целата подготовка се состои од мешање на состојките и печење.

Потребни состојки:

  • 50g мелени лешници;
  • 1 голема лажица прашок за печиво;
  • 130g мек путер;
  • 1 прстофат сол;
  • 1 прстофат цимет;
  • 1 јајце
  • 200g овесни снегулки;
  • 80g мед;
  • 50g сува брусница.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови.
  • Во длабок сад се мешаат мелените лешници и прашокот за печиво. Се додава путер, сол, цимет и јајце и со миксер се мати додека не се добие еднаква смеса, или околу 1 минута.
  • Со мешање со маталка се додаваат овесни снегулки, мед и брусница.
  • Со супена лажица се вадат колачиња и се ставаат на плех на хартија за печење, па малку се измазнуваат.
  • Колачињата се печат на температура од 180 степени Целзиусови околу 12 минути, а откако ќе се изладат се чуваат во затворен сад.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ