ФРАНЦУСКА СВИЛЕНА ПИТА: Лесен рецепт за љубители на чоколадни десерти

февруари 20, 2023
Sweet Homemade French Silk Pie with Chocolate Shavings

Рецептот всушност не потекнува од Франција, туку од Америка, а името го добил заради меката текстура која е мазна како свила и лизга низ грло.

За сите љубители на чоколадни десерти, ова ќе биде една од најубавите пити со незаборавен вкус и изглед.

Се служи ладен, а нема таков што нема да посака второ парче.

 

Потребни состојки:

За подлогата:

  • 200g чајни бисквити
  • 85g путер

За фил:

  • 200g шеќер
  • 170g омекнат путер
  • 85g темно чоколадо
  • 3 јајца
  • 2 лажици француски ликер Grand Marnier (или заменски, со вкус на портокал)
  • Шлаг за украсување

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 170°С.
  • Сомелете ги бисквитите во фин прав и измешајте ги со путерот додека не добиете влажна смеса.
  • Втиснете ја со прсти смесата во плех/калап за печење.
  • Печете од 10-12 минути, па извадете ја и оставете целосно да се излади.
  • Додека се лади подлогата, стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
  • Во друг сад, со миксер измешајте ги омекнатиот путер и шеќерот во мазна крем смеса. Ќе ви требаат околу 3 минути.
  • Додадете го растопеното чоколадо и ликерот во смесата од путер.
  • Постепено додавајте јајца, едно по едно и миксирајте додека не добиете хомогена, мазна крем-смеса.
  • Премачкајте врз оладената подлога и ставете во фрижидер 3-4 часа да се лади.
  • Над оладената пита ставете шлаг и по желба украсете со парчиња чоколадо.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ